Куп на Македонија: Скопје едвај преживеа против Металург РА

101

Денеска се одиграа уште три нова мечеви за пласман во групната фаза во Купот на Македонија. Фавортите Вардар Неготино, ГРК Охрид и Скопје 2020 се најдоа во следната фаза.

Најдраматично беше на дуелот во Автокоманда каде Металург РА испушти шанса за сензација. Имаше водство на полувремето од 14-12, а во самиот финиш водеше со 25-23, по што му одозволи на противникот да се врати и со серија од 3-0 да поведе со 25-26. Домаќинот израмни, а потоа одново застана, доволно за да Скопје извојува победа.

Чакапиќ со 10 гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Петровски имаше 11 погодоци.

На останатите средби ГРК Охрид беше подобар од Младост со 19-34, додека Вардар Неготино на гости кај Кичево славеше со 21-41.

ПретходноТрагедија во Ла Лига: Почина навивач во Гранада, натпреварот нема да се доигрува!
СледноБелингем со провокација кон фановите на Бетис, па доби укор од Ридигер! (ВИДЕО)