ТФТ подобар во драматичната завршница против Феникс 2010 (ФОТО)

96

Неколку грешки направени во последната минута од мечот, екипата на Феникс 2010 ја чинеа пораз на дуелот со ТФТ во рамките на 11. коло од домашното одбојкарско првенство. Во возбудлив и до крај неизвесен меч, гостите беа поприсебни во финишот на средбата, и успеаја подобро да се снајдат во егал-завршницата за да запишат седма сезонска победа.

При водство на ТФТ од 75:77, домашниот кошарка Даниел „продаде“ една топка на 10 секунди до крајот на мечот и ги згасна надежите на Феникс 2010 за можна победа. По прекршокот, Верц беше двапати прецизен од линијата за слободни фрлања и ги постави конечните 75:79.

На двата тима и припаднаа по две четвртини, а самиот факт што во последните 10 минути се влезе со израмнет резултат (61:61), јасно беше дека мечот ќе донесе драма до последната секунда.

Луис со 17 и Верц со 16 поени беа предводници на ТФТ до победата, додека кај домашните 23 поени останаа зад името на Метјус.

ПретходноЈунајтед има намера да се засили со играчи на Лајпциг и Сити!
СледноДуро: Заслужено сме есенски шампиони, остануваме главен фаворит и за титулата