Некогаш беа тоа златни времиња на тенисот. Роџер, Рафа и Новак. Вистинско уживање за фановите на “белиот спорт“. Сепак Федерер веќе се пензионира, Надал почесто е повреден а Ѓоковиќ стана најдобриот во историјата.
За се ова свој коментар има Швајцарецот кој може да се каже дека важи за најелегантниот тенисер во историјата:
“Бев среќен што можев да играм против двајцата. Ми се чини дека сум одиграл 40-50 меча против Рафа и Новак, тоа беа супер мечеви. Беше супер да се дели теренот со такви спортисти и тенисери. Се надевам дека Рафа ќе се врати на теренот следната година, додека за Новак имам да кажам дека му посакувам да игра се додека го сака тоа“ џентлменски изјави славниот Швајцарец.