Баерн подготвува 60 милиони фунти за Палиња

215

Претставници на Баерн Минхен биле присутни на стадионот „Крејвен Котиџ“ за да го гледаат Жоао Палиња за време дуелот со Вест Хем Јунајтед одигран во неделата. Палиња беше блиску до трансфер во Баерн летово, но иако требаше да отпатува за Минхен за да ги заврши лекарските прегледи и да потпише договор, на крај од тоа не излезе ништо, бидејќи Фулам не му дозволи да си замине, откако не успеа да обезбеди соодветна замена за него.

Баерн продолжува да го следи Палиња и ќе се обиде да го донесе уште оваа зима, иако тој има нов петгодишен договор со Фулам. Се споменува сума од 60 милиони фунти, која тешко е да се каже дали ќе го натера Фулам да се согласи на продажба на фудбалерот.

ПретходноШтип УДГ со победа се врати на второто место
СледноСтрумица му додели награда за животно дело на Горан Пандев