Фудбалскиот клуб Бешикташ отстрани од тимот пет фудбалери поради лоши игри, соопшти денеска турскиот клуб.
„Винсент Абубакар, Валентин Розиер, Ерик Бејли, Рашид Газел и Жан Онана се отстранети од тимот поради лоши игри и некомпактибилност со остатокот од екипата“, соопшти клубот.
Новиот претседател на клубот Хасан Арат изјави дека е спремен да се раздели со овие играчи во зимскиот преоден рок. По 15 одиграни кола, Бешикташ е петти на табелата со 14 бодови помалку од Фенербахче и Галатасарај.