И дефинитивно Џирона е хит оваа есен во фудбалска Европа. “Чудото од Каталонија“ по вчерашниот триумф над Барса, сега е газда на Каталонија. Џирона е лидер во Ла Лига и затоа се наметнува прашањето дали смее овој клуб да игра во ЛШ, ако се знае Џирона е под патронатство на Манчестер Сити.
Дали може во следната сезона Џирона и Сити да играат во исто натпреварување, ако се знаат правилата на УЕФА.
Да, точно е дека не смеат, но УЕФА знаела да “прогледа низ прсти“ што се вели, како во случајот на Милан и Лил, или уште подобро како во случајот на Ред Бул Лајпциг и Ред Бул Салцбург.
Но во случајот на Џирона проблем прави братот на Пеп Гвардиола, Пере Гвардиола кој е претседател на раководството на клубот од Каталонија.
Ако сака Џирона да игра во ЛШ тогаш ќе мора да го отпушти Пере Гвардиола зошто правилата велат дека клубот може да игра во ЛШ, но треба да докаже дека нема никакви врски со Сити, па и семејни, но и дека треба да се намали или укине меѓусебното тргување со играчите.