Лара Гут-Бехрами и Марко Одермат се најдобри спортисти на Швајцарија за 2023 година

85

Скијачите Лара Гут-Бехрами и Марко Одермат се прогласени за најдобри спортисти на Швајцарија во 2023 година.

За Гут-Бехрами ова е втора награда за најдобра спортистка на Швајцарија, откако првата ја освои во 2016 година и ја заслужи со освојување на малиот Кристален глобус во супервелеслалом.

Одермат, пак, е најдобар спортист на Швајцарија трета година во по ред, оваа година ја одбрани титулата победник на Светскиот куп и освои мали кристални глобуси во велеслалом и супервелеслалом, додека на Светското првенство во Куршевел освои злато во велеслалом и спуст.

ПретходноАнчелоти потврди: Кепа утре се враќа на голот на Реал (М)
СледноСтоле со „чиста мрежа“ му донесе бод на Рајо