Манчестер Ј. го известил Марсијал дека во јануари може да почне да си бара нов клуб

210

Ентони Марсијал ќе добие дозвола како слободен фудбалер да си замине од Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, овјави „TalkSport“.

28-годишниот играч има опција во договорот да активира дополнителна година до 2025 година, но Јунајтед нема да ја искористи можноста да го задржи Французинот.

Марсијал, кој им се приклучи на „црвените ѓаволи“ во 2015 година од Монако, потпиша продолжување на договорот во 2019 година. Оттогаш, работите за него се влошија толку многу што тој ја мина втората половина од сезоната 2021/22 како позајмен во Севиља. Марсијал минатата сезона забележа девет гола и три асистенции на 29 натпревари, откако беше реинтегриран во тимот, а во текот на оваа сезона е само замена на Расмус Хојлунд.

ПретходноСП 2023: Хрватска загуби од Унгарија, Црна Гора е веќе четвртфиналист
СледноПрилеп одлично му парираше на Е. Пелистер