Невиден скандал: Претседателот на Анкарагучу со боксови по судијата, потоа го шутираа на земја (ВИДЕО)

1195

Скандал од невидени размери се случи денеска на првенствениот меч од турската Суперлига меѓу екипите на Анкарагучу и Ризеспор (1:1). Имено, по завршувањето на средбата, главниот судија Халил Умут Мелер бил физички нападнат и удиран со боксови од претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, но и шутиран од дел од домашните фудбалери и луѓе од клупското раководство.

Турските медиуми вечерва се шокирани од однесувањето на претседателот на Анкарагучу, а со остри реакции се јавија и од Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи. Дел од медиумите бараат Коџа да биде уапсен.

 

ПретходноСтрумица му додели награда за животно дело на Горан Пандев
СледноАнчелоти потврди: Кепа утре се враќа на голот на Реал (М)