Струмица му додели награда за животно дело на Горан Пандев

1009

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев, ја доби наградата за животно дело што ја доделува Општина Струмица по повод празникот на градот Св. 15 Тивериополски свештеномаченици. Наградата му ја додели градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, заради придонесот на Пандев во афирмацијата на Струмица на меѓунардоната сцена, но и заради постигнатите високи резултати во својата кариера, како на клупско, така и на репрезентативно поле.

„Кога добиваш награда од градот во кој си растел…, градот каде што си живеел… , градот каде сме ги направиле првите животни и професионални чекори…, град кој секогаш те влече каде и да си во странство, градoт кој плени по својата убавина,  по својата позитивна енергија, гостопримливост, по својот просперитет. Таква е мојата и Ваша Струмица и нека ни е за многу години денешниот празник Св. 15 Тивериополски маченици…. Празник кој не штити сите нас и ни дава верба надеж и сила да го продолжиме патот за подобар живот, благостостојба но и попросперитетна Струмица. Од мое име и од името на сите добитници на наградите би сакал да се заблагодарам што ги препознавте нашите заложби, нашите достигнувања со кои ја афирмиравме нашата Струмица, нашето родно место насекаде во светот“, истакнал Пандев.

ПретходноБаерн подготвува 60 милиони фунти за Палиња
СледноНевиден скандал: Претседателот на Анкарагучу со боксови по судијата, потоа го шутираа на земја (ВИДЕО)