Вардар, поточно неговиот тренер Александар Васоски не се предава во битката за опстанок. Иако сите ние веќе го “отпишавме“ неговиот тим, сепак Васоски покажува дека тој има верба во себе и во Вардар дека ќе може да се избори опстанок.
Па така вчера во меч од последното есенско коло, Васоски и Вардар славеа против Тиквеш по тешкиот терен на Маџари со 2:0. Освоени се големи три бода, а Васоски уште еднаш покажа дека си ја знае својата работа, и тоа како.