Хаос во Бугарија: Дербито решено во 90+17.минута, инциденти… “играше“ и лопатата за снег! (ВИДЕО)

3522

Нестварни сцени ни доаѓаат од Бугарија, од дербито меѓу ЦСКА Софија и Лудогорец.

И не само што имаше судиско продолжение од 25 минути, и не само што победникот беше решен во 90+17.минута, туку имаше и голем инцидент предизвикан од официјални лица.

Да тргнеме со ред.

Се играше 90+17.минута кога Спас Делев постигна гол за гостите, за водство на Лудогорец од 0:1. По тој гол тој отиде да прослави кај домашните фанови, секако дека тоа предизвика гнев кај нив, а Делев е некогашен играч на “армејците“, и дојде до хаос.

Неколку навивачи влетаа на терен, мораше да реагира и полицијата, но поголем проблем направија лицата со легитимација, значи официјални лица, кои беа позади голот како што се гледа од видеото.

Едно од тие лица фрли лопата за снег кон гостинските играчи, за среќа таа лопата беше фатена од еден од играчите , но тој несакајќи потоа со таа лопата “нокаутираше“ член на својата делегација кој беше однесен во соблекувалната.

После тоа натшреварот продолжи, се играше дури 90+25 минути, но на крајот резултатот остана 0:1 за Лудогорец.

Се ова можете да го видите на видеото:

ПретходноОва го може само “специјалниот“! (ВИДЕО)
СледноЧави по поразот од Џирона: Ова е нашата реалност!