Анчелоти потврди: Кепа утре се враќа на голот на Реал (М)

161

Менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потврди дека Кепа Аризабалага ќе биде стартен голман против Унион Берлин на последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.

Иако беше најавено дека Кепа ќе се врати на терените веднаш штом ќе биде целосно подготвен, сепак Андриј Лунин кој бранеше одлично на последните средби беше фаворит за голманското место на утрешниот дуел.

„Фер или нефер е нешто за што не размислувам. Лунин имаше можност и покажа дека е сигурен голман. Но, мораме да земеме предвид дека и Кепа се претстави многу добро на натпреварите што ги имаше претходно. Ние сме многу среќни да го имаме него повторно назад во тимот”, вели Анчелоти.

ПретходноНевиден скандал: Претседателот на Анкарагучу со боксови по судијата, потоа го шутираа на земја (ВИДЕО)
СледноЛара Гут-Бехрами и Марко Одермат се најдобри спортисти на Швајцарија за 2023 година