Шкендија есенската полусезона ја заврши со триумф над Силекс од 3:1. Добар настап на момците на стратегот Ардијан Нухиу, иако во еден период од играта Силекс имаше и 1:1, сепак на крајот тетовци успеаја да освојат три бода.
Тетовци есенската полусезона ја завршија како трети, со четири бода помалку од шампионот Струга ТЛ и со три од Шкупи.
По вчерашниот меч со кратовци стратегот на Шкендија изјави дека е задоволен од играта на својата екипа и дека ова било најдоброто издание на тимот во изминатите шест месеци откако е тој стратег.
А кажа и ова:
“Не сакам да дискутирам за шамионската титула. Во пролетниот дел знам дека ќе се подобриме, потребни се две – три квалитетни засилувања, нема да биде лесно, имаме силни ривали, но јас верувам во овие момци знаејќи го нивниот карактер. Сепак, како што кажав, сега немам намера да дискутирам за шампионската титула“ изјави Нухиу.