Два месеци без публика во грчкото фудбалско првенство

174

 

Натпреварите од грчкото фудбалско првенство ќе се играат без присуство на публика до 12. Февруари 2024 година за да се запре насилството кое го прати грчкиот фудбал, соопшти владата на таа држава.

„Сите натпревари од првенството на Грција ќе се игра зад затворени врати во наредните два месеци, односно до 12. Февруари“, изјави потпаролот Павлос Маринакис.

Тоа значи дека 10 кола од Суперлигата ќе се играат пред празни трибини како и натпреварот меѓу Олимпијакос и ТСЦ Бачка Топола во рамките на Лигата на Европа во четврток.

Одлуката е донесена по последните насилства и пресметка на навивачите и полицијата на одбојкарски меч во Атина. Еден полицаец бил тешко повреден и завршил во кома. Осомничениот го признал делото и е задржан во притвор.

Грчките хулигани често ги користат спортските терени за физички пресметки, посебно помалите спортови каде има малку обезбедување и полиција.

Забрана за натпреварите од останатите спортови не е соопштено.

ПретходноНовиот напаѓач на Реал бил блиску до Челзи
СледноБешикташ отстрани од тимот пет фудбалери поради лоши игри