Илиев и официјално заврши со ХЈК Хелсинки, следна дестинација Сараево?

354

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев и официјално заврши со фински ХЈК Хелсинки. Од клубот денеска потврдија дека по завршувањето на тековата сезона во земјата, Илиев заминува од новиот шампион на Финска.

„Сезоната на Дејан Илиев заврши веќе на крајот од јули со повреда на лактот. Во своите 11 натпревари што ги одигра во ХЈК, тој успеа да ги убеди фановите на ХЈК со суверената контрола на голот. ХЈК не ја искористи опцијата за продолжување на договорот на Илиев, па кариерата тој ќе продолжи на друго место. Значи време е да се каже, што би рекле во Македонија: Благодарам, Дејан!“, пишува во клупската објава.

Деновиве во регионот веќе почна да се зборува за доаѓањето на Илиев на голот на повеќекратниот босански шампион Сараево.

ПретходноМектоминај: Играчите му даваат целосна доверба на Тен Хаг
СледноРома останува два меча без Дибала