Скандал од невидени размери се случи денеска на првенствениот меч од турската Суперлига меѓу екипите на Анкарагучу и Ризеспор (1:1). Имено, по завршувањето на средбата, главниот судија Халил Умут Мелер бил физички нападнат и удиран со боксови од претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, но и шутиран од дел од домашните фудбалери и луѓе од клупското раководство.
Турските медиуми вечерва се шокирани од однесувањето на претседателот на Анкарагучу, а со остри реакции се јавија и од Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи. Дел од медиумите бараат Коџа да биде уапсен.
Ankaragucu. Po rywale wyrównali w końcówce. Dożywotnie wykluczenie ze sportu plus odpowiedzialność cywilna. pic.twitter.com/zGHs3IKYqs
— Michał Kołodziejczyk (@Michal_Kolo) December 11, 2023