По завршувањето на последното коло од регуларната фаза во нашата кошаркарска лига, познати се и двојките за завршницата во Купот на Македонија.
Исто така познато е дека засега сеуште не се знае кој ќе биде домаќин на куп – турнирот кој во последните години се нарекува “Благоја Георгиевски – Буштур“. Ако нема пријава тогаш вообичаено организатор ќе биде КФСМ.
Инаку ова се двојките за за четвртфиналето во Купот на Македонија:
1- МЗТ Скопје – Гостивар
2 – Пелистер – Феникс
3 – Еуро Никел – Чаир
4 – Работнички – ТФТ
ПОЛУФИНАЛЕ
победник – 1 со победник – 4
победник – 2 со победник – 3