ТИМ И ИГРАЧ НА 18.КОЛО: Компаоре за еуфорија во Струга ТЛ

291

Кога ќе се даде гол во 90+2. минута за победа, но и за есенска титула, а претходно веќе си постигнал еден гол, тогаш јасно е дека ти си играч на колото, последно есенско во оваа полусезона или 18.коло во оваа 2023/24 сезона.

Тоа е Басиру Компаоре од Буркина Фасо, офанзивецот на Струга ТЛ кој е “виновникот“ за тоа што најмалку два месеци шампионот ќе се перчи на лидерската позиција на табелата.

Покрај него во тимот на колото од Струга ТЛ е и Кривањева, додека тука се и Стевковски (Македонија ЃП), Глишиќ (Вардар), Младеновски и Трапановски (Шкупи), Јахии и Марушиќ (Воска), Тотре и Аганспахиќ (Шкендија) и Кехинде (Гостивар).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

БАСИРУ КОМПАОРЕ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 23.04.1998 во Буркина Фасо

Кариера: Сонабел, Итихад Танџер, Клуб Африкан, Мајадоханда, Талавера, Дон Бенито, Струга ТЛ

ПретходноТренерот на Џирона: Целта ни беше опстанок, а сега сакаме излез во Европа
СледноМалку му се милионите: Алкараз држи приватни часови по тенис! Половина час за 4.500 евра!