Тренерот на Џирона: Целта ни беше опстанок, а сега сакаме излез во Европа

265

Џирона е вистински хит во шпанското првенство. Со победата над Барселона во меч од 16.коло на Ла Лига стана првата екипа која освоила 40 бодови од топ 5 европските првенства. Сега апетите се големи. Фановите бараат шампионска титула, а тренерот Мичел ги спушта на земја со изјава дека сега целта е да се излезе во Европа.

Среќни сме. Го вративме првото место на табелата и тоа е супер. Исто така сум среќен што на својот 100-ти меч во Ла Лига ја победивме Барселона. Очекувавме дека ќе биде многу тешко, но мојот тим има душа – веруваме дека сме способни за големи работи. Првата цел ни беше да обезбедиме опстанок, сега сакаме да играме во Европа. Ќе направиме се што можеме да бидеме при врвот“, додаде тренерот на каталонскиот тим.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Она кога твојот клуб не ти го знае презимето! Трпески или Терпески?
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 18.КОЛО: Компаоре за еуфорија во Струга ТЛ