ФОТО НА КОЛОТО: Она кога твојот клуб не ти го знае презимето! Трпески или Терпески?

789

И покрај тоа што Воска заврши во долниот дел од табелата, сепак не дебитантот во ПМФЛ не разочара со своите настапи и резултати. Вчера тимот од Охрид го победи со 3:2 и еден Работнички, а да потсетиме дека Воска ги елиминираше Струга ТЛ и Брегалница во Купот и ќе игра во полуфиналето.

Сепак луѓето од овој клуб треба да знаат како се презиваат играчите на својот тим.

Па така на вчерашниот меч со Работнички, на дресот на Љупчо Трпески одназад му пишуваше ТЕРПЕСКИ како што се гледа од фотографијата.

Еден прволигашки клуб ваков кикс не смее да си дозволи.

ПретходноОва е рекорд: Минаа половина час од фаулот што го направи, па доби црвен картон!
СледноТренерот на Џирона: Целта ни беше опстанок, а сега сакаме излез во Европа