Штип УДГ со победа се врати на второто место

151

Одбојкарите на Штип УДГ одиграа уште еден одличен меч во домашното првенство и ја прославија осмата победа сезонава. Вечерва во дербито на 10. коло, штипјани во својата сала со максимални 3:0 славеа над екипата на Шкендија.

Победата доаѓа во вистински момент, откако во минатото коло Штип УДГ беше поразен од шамионот Струмица. Во сабота во последниот меч од полусезоната, штипјани ќе се сретнат со Македонија Џио.

Последниот меч од ова коло ќе се одигра во среда меѓу екипите на Македонија Џио и Работнички 71&22.

Прва лига (мажи), 10. коло

Штип УГД – Шкендија                    3:0 (25:17, 25:18, 25:17)

Македонија Џио – Работнички 71&22   (среда, 19.30)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (30); 2. Штип УДГ (24); 3. Лирија (23); 4. Весна Пробиштип (21); 5. Работнички 71&22 (18); 6. Шкендија (15); 7. Универзитет во Тетово (18); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

ПретходноПрилеп одлично му парираше на Е. Пелистер
СледноБаерн подготвува 60 милиони фунти за Палиња