Ардијан Нухиу: Не сакам да дискутирам за шампионската титула!

226

Шкендија есенската полусезона ја заврши со триумф над Силекс од 3:1. Добар настап на момците на стратегот Ардијан Нухиу, иако во еден период од играта Силекс имаше и 1:1, сепак на крајот тетовци успеаја да освојат три бода.

Тетовци есенската полусезона ја завршија како трети, со четири бода помалку од шампионот Струга ТЛ и со три од Шкупи.

По вчерашниот меч со кратовци стратегот на Шкендија изјави дека е задоволен од играта на својата екипа и дека ова било најдоброто издание на тимот во изминатите шест месеци откако е тој стратег.

А кажа и ова:

Не сакам да дискутирам за шамионската титула. Во пролетниот дел знам дека ќе се подобриме, потребни се две – три квалитетни засилувања, нема да биде лесно, имаме силни ривали, но јас верувам во овие момци знаејќи го нивниот карактер. Сепак, како што кажав, сега немам намера да дискутирам за шампионската титула“ изјави Нухиу.

ПретходноБратот на Пеп Гвардиола е проблемот Џирона да игра во Лигата на Шампионите!
СледноНовак стигна до 403 недела како прв на АТП листата, пад на македонските тенисери!