Коментар на 18.коло: Од Брера до Вардар само три бода разлика….и трилерот во Струга!

702

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Можеби немаме којзнае каква со квалитет ПМФЛ, но затоа истата е супер интересна. Зарем можеше некој да претпостави дека со гол во 90+2.минута ќе се одлучи кој ќе биде есенски шампион?

И кога е така тогаш победникот е во еуфорија а поразениот “плаче“ и пишува постови по ФБ како тој требало да биде есенски првак а неговиот тренер изјавува дека тие се незаслужено само втори.

А разликата е само еден бод. Затоа не смее да има еуфорија кај Струга ТЛ ниту тага кај Шкупи, зошто напролет ќе имаат и двете екипи по 15 средби да покажат кој е најдобар во Македонија. Секако дека тука некаде како трет кандидат е Шкендија, ама…

Сепак, ако Струга ТЛ, ако шампионот е прв по есенскиот дел и тоа заморен од евро настапите, ако шампионот не беше баш на своето ниво оваа полусезона од објективни причини, којзнае што ќе биде со него напролет кога се ќе биде во ред.

Жижовиќ од овој Шкупи вади максимум, тоа е јасно.

Во секој случај не очекува голема и тешка битка за титулата напролет.

Од друга страна битката за опстанок ќе биде уште поинтересна. Имено табелата вели дека од осмата Брера, која од денеска има нов тренер во името на Бојан Круљ (36 години), па до последниот Вардар, разликата е само три бода.

Што ли не очекува во пролетната полусезона, можеме само да претпоставиме.

За оние кои не знаат. Деветопласираниот тим (сега тоа е Воска) изборува директен опстанок, десетиот (сега тоа е Македонија ЃП) игра бараж за опстанок) а единаесетиот и дванаесетиот на табелата (сега тоа се Брегалница и Вардар) ги чека пат кон ВМФЛ.

Но остануваат уште 15 кола, а овој Вардар не смее да се отпише, никако.

Па така на пауза одат Брера со 20 бода, Воска со 20, Македонија ЃП со 18, Брегалница и Вардар со по 17. Најмалку две од овие пет ќе мораат наредната сезона да играат во Втора лига. Иако секако дека оставаме простор и за некои други изненадувања, да не речеме сензации.

Уф, едвај чекаме да почне пролетниот дел, тоа ќе биде вистинско уживање за нас неутралните.

П.С.

Пак јас за трите “другарчиња“. Нешто работата им се изјаловува, плановите не им одат како “подмачкани“. Посебно ако сега веќе и интересите им се судруваат. Ќе биде смеа да се види кој кого зафркнал, кој кого насамарил.

Тоа е тоа.

Се читаме во февруари, барем кога се однесува за – Коментарот на колото.

ПретходноКако собирачот на топки му спаси бод на Мурињо
СледноНов блесот на Нено, нова победа за УНИКС