Малку му се милионите: Алкараз држи приватни часови по тенис! Половина час за 4.500 евра!

881

Неверојатно. Малку му се тие 11 милиони евра што ги заработи во 2023 година, па сега сака уште и затоа држи приватни часови по тенис.

Тоа е Карлос Алкараз, кој им наплаќа на сите оние кои сакаат да играат со него по 4.500 евра за половина час.

Ова се случува во мексиканското одморалиште Лос Кабос каде се подготвува за следната сезона.

Секој кој што сака да поигра со него или да научи нешто, ќе мора на младиот тенисер кој е бр.2 на АТП листата, веднаш зад Новак Ѓоковиќ, да му плати 4.500 евра за половина час. Тие кои сакаат во група да го “делат“ теренот со него ќе мора да платат по 500 евра за половина час.

Неверојатно.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 18.КОЛО: Компаоре за еуфорија во Струга ТЛ
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Вардар)