Прилеп одлично му парираше на Е. Пелистер

136

Шампионот Е. Пелистер вечерва славеше на гостувањето кај Прилеп со 38:33 во мечот од 14. коло во домашната Суперлигата. Прилепчани одиграа одлинеч меч и во голем дел од дуелот достојно му парираа на фаворитот.

Битолчани со оваа 13-та победа ја завршуваат полусезоната во групата Б на второто место зад екипата на Вардар 1961, само поради послабиот меѓусебен скор. Вардар во среда треба да го одигра својот последен меч оваа полусезона и ако не се случи чудо против Голден Арт, треба да ја потврди првата позиција на табелата.

На денешниот дуел во Прилеп, кај Е. Пелистер најефикасен бешпе Петровиќ со 10 гола, додека кај домашните Шабановиќ постигна 8.

ПретходноМанчестер Ј. го известил Марсијал дека во јануари може да почне да си бара нов клуб
СледноШтип УДГ со победа се врати на второто место