Барселона синоќа на “Монжуик“ како домаќин не само што беше совладана со 2:4 од “малата“ Џирона туку и играчки беше засрамена. Фудбалскиот свет е восхитен од новото фантастично издание на лидерот, и упатува критики за играта на тимот на Чави Ернандез. Шампионот едноставно не може да се препознае.
По мечот стратегот на Барса изјави:
„Џирона знае што прави и многу е добра во тоа. Грешките во одбраната скапо не чинеа. Барса одигра добро, упативме 31 удар кон противничкиот гол, но сепак загубивме. Мислам дека заслуживме повеќе од тие 2:4. Ова е за нас тежок период, ова е нашата реалност“ рече покрај другото Чави.