Шефот на „црвено-црните“, Александар Васоски си заминува од тренерската клупа на Вардар и според информациите на „Спортспорт“ кариерата најверојатно ќе ја продолжи во кинески второлигаш.
Стратегот веќе разговарал со раководството на Вардар, веќе им соопштил за неговата одлука и ставот да замине од клупата на најтрофејниот клуб од многу причини (беспарица, тенок играчи кадар и лоши услови за работа..).
Васоски веќе неколку денови е во интезивни преговори со клубот од Кина, со кој се очекува финална завршница во следните неколку дена.
Вардар иако е последен на табелата со последните резултати и игри ја врати надежта дека напролет овој тим шанси да обезбеди опстанок во елитата. Зимската пауза да ја искористи за засилување на составот и ново тренерско име.