И Шкендија со реакција: Бараме итно воведување на ВАР во ПМФЛ!

305

По се она што се случуваше во последните кола во ПМФЛ во есенскиот дел, кога имаше многу грешки од страна на судиите се огласија неколкку клубов. А тоа денеска го направи и Шкендија, која излезе со своја реакција и побара под итно да се воведе ВАР во ПМФЛ.

Соопштението на Шкендија ви го пренесуваме во целост:

ФК Шкендија ја изразува својата загриженост за големите пропусти во судиската област во локалниот фудбал и итно бара имплементација на ВАР системот. Овој чекор ќе обезбеди потранспарентно опкружување и ќе помогне да се спречат произволни грешки, со што ќе се зголеми веродостојноста и стандардот на играта.

Веруваме дека оваа акција ќе помогне да се подигне имиџот на фудбалот и ги замолуваме сите клубови да ни се придружат во оваа иницијатива за чиста и фер игра.

ПретходноПознати се номинираните спортисти за “Спортист на Македонија за 2023“: Илиоски, Стефановски, Георгиевски, Ивановски, Магомедов…
СледноАко Тен Хаг добие отказ, неговиот наследник ќе биде Шпанец?