Лоши вести на Пеп Гвардиола

720

Во последните шест натпревари, Манчестер Сити победи само два пати (двата пати по пресврт), а во последните пет натпревари во Премиер-лигата има само една победа.

Јасно е дека тимот е во резултатска криза, а најмалку што му требаше на Пеп Гвардиола во овој момент е повреда на важен играч.

Ерлинг Халанд се повреди и нема да биде достапен за вечерашниот натпревар против Црвена Звезда во Белград во рамките на 6. коло од Лигата на шампионите.

Вечерашната игра не е таков проблем бидејќи „граѓаните“ веќе го обезбедија првото место во групата и пласман во осминафиналето, но шпанскиот стручњак е загрижен за претстојните натпревари.

Во следниот натпревар во Премиер лигата, Манчестер Сити ќе игра против Кристал Палас, со оглед на формата на тимот, не е добро да отсуствува никој, особено најдобриот стрелец на тимот.

Потоа следува натпреварувањето на Светското клупско првенство на ФИФА и ќе видиме дали и кога ќе биде подготвен Ерлинг Халанд.

Покрај норвешката гол-машина, повредени се уште двајца многу важни играчи во тимот на Пеп Гвардиола.

ПретходноДарко Додев потпиша за Шкупи!
СледноЧави: На половина пат сме да ја направиме Барселона одличен тим