Реал Мадрид во досегашниот дел од сезоната имаше три пенали и ги промаши сите три. На неславната листа се најде и Лука Модриќ.
Хрватот шутираше доста лошо во финишот на првото полувреме на натпреварот Унион Берлин – Реал Мадрид, казната набрзо стигна, па не е ни чудо зошто се фати за глава на пат кон соблекувалната.
На крајот кралевите по пресврт успеаја да слават со 3:2, а Модриќ за чудо по долго време одигра комплетен меч.
По натпреварот, сосема очекувано, Карло Анчелоти се соочи со прашања за промашените пенали. Трофејниот стручњак немаше прецизен одговор.
“Наоѓањето на причината е многу комплицирано бидејќи Лука обично е ладен кога треба да постигне гол. Се случи двапати да не даде гол. Не е лесно да се тренира бидејќи зависи и од околината. Тој, Белингем, Родриго, Винисиус, Хоселу шутираат на тренинг. Што сакате да ви кажам? Се надевам дека тоа ќе се промени“, изјави Анчелоти.