Познати се номинираните спортисти за “Спортист на Македонија за 2023“: Илиоски, Стефановски, Георгиевски, Ивановски, Магомедов…

507

Денеска АМС ги објави номинираните спортисти за наградата “Спортист на Македонија за 2023“. Се разбира дека сега оди ова на гласање, а потоа ќе се одберат и најдобрите во повеќе категории.

Меѓу номинираните за спортист на годината се: Бобан Илиоски (кик-бокс) Игор Стефановски (автомобилизам), Дејан Георгиевски (таеквондо), Дарио Ивановски (атлетика), Ахмад Магомедов (борење).

Во категоријата најдобра спортистка се: Сара Ристовска (ракомет), Мери Акиевска (боди билдинг), Лина Ѓорчевска (тенис), Даниела Алексовска (бразилско џиу џитцу), Андреа Костовска (кик – бокс).

Кај машките репрезентации номинирани се: Одбојка (сениори), ракомет (У-19), фудбал (сениори)….

Кај селекторите номинирани се: Дејан Митровски (кик-бокс), Јошко Миленковски (одбојка), Раде Стојановиќ (ракомет у-19), Борче Костовски (таеквондо)…

Во категоријата за национални федерации номинирани се: Фудбалска Федерација, Ракометна Федерација, Одбојкарска Федерација, Таеквондо Федерација…

ПретходноДончиќ ги фрли во транс коментаторите (ВИДЕО)
СледноИ Шкендија со реакција: Бараме итно воведување на ВАР во ПМФЛ!