Сити без првотимците ја победи Звезда во Белград и остана перфектен!

220

Европскиот првак Манчестер Сити со речиси трет состав ја совлада Црвена Звезда со 3:1 на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград. Пеп Гвардиола се одлучи да одмара голем дел од првотимците со оглед на тоа дека уште претходно го осигура пласманот во осминафиналето па овој меч им беше тренинг на резервистите и помладите играчи.
Сити поведе со голот на играчот за врска Мика Хамилтон во 19.минута, во 62 минута норвешкиот интернационалец Оскар Боб зголемува на 0:2. Во меѓувреме Хванг намали на 1:3, но европскиот првак повторно зголеми на два разлиак преку Калвин Филипс од пенал. Во последната минута Катаи ги постави конечните 2:3.
Црвена Звезда остана последна на табелата со само еден бод. Сити заврши со максимални 18 бодови.
Лајпциг го совлада Јанг Бојс со 2:1 и остана на второто место со 12 бодови. Шешко и Форсберг ја донесоа победата на Германците. Швајцарците продолжуваат во Лига Европа.

ПретходноМагдевски ја реши драмата во Битола
СледноМЗТ Скопје лесно го реши Кожув