Во вторникот каталонските медиуми открија нов скандал во Барселона, пред натпреварот од последното коло во Лигата на шампионите. Сериозно се разнишани авторитетот и одлуките на тренерот Чави. Зад се се крие претседателот Лапорта.
И додека ситуацијата на Балканот е нормална појава претседателите да бидат тренери на клубови, се чини дека истото се случува и во далеку поголеми клубови како Барселона.
Имено, претседателот на Барселона,Лапорта е тој што конечно го состави списокот на играчи за натпреварот против Антверпен во шестото коло од Лигата на шампионите.
Составот за натпреварот во Белгија претрпе промени во последен момент и на крајот на списокот се најдоа некои од најголемите ѕвезди како Роберт Левандовски, Роналд Араухо и Илкај Гундоган.
Чави реши да ги поштеди некои од своите најдобри играчи, но Лапорта одлучи дека целиот тим мора да биде заедно и тие на крајот беа повикани и ќе конкурираат за натпреварот.
Шпанските медиуми пишуваат дека ова е сериозен преседан бидејќи досега во Барселона немало вакви моменти кога претседателот се меша во работата на тренерот и всушност одредува кој ќе игра, а кој не.