Тен Хаг: Не игравме лошо

186

Манчестер Јунајтед се прости од Европа за оваа сезона. Во групата А од Лигата на шампионите го освои последното место на табелата со четири бода зад Баерн, Копенхаген и Галатасарај.

Манчестер Јунајтед во последното коло имаше шанса дури и да оди во осминафиналето во Лигата на шампионите, но беше поразен од Баерн со 0:1 и останаа без европска пролет и преку Лига Европа.

Ова е една од најлошитр европски сезони за „црвените ѓаволи“ во последните години.

На крајот од мечот со Баерн коментар даде тренерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг, кој немаше многу да каже.

„Бевме добри вечерва, особено во дефанзива, но тоа не е доволно против тим како Баерн. Имаат индивидуален квалитет и ги завршуваат натпреварите со еден потег, тоа го видовме вечерва.

Лигата на шампионите не ја загубивме вечерва, тоа им е јасно на сите. Имавме добри натпревари оваа сезона, но тоа не беше доволно за подобар учинок од оваа. Не заслуживме да го загубиме последниот решавачки натпревар“.

Тешко е да се каже во кој дел од играта Тен Хег сметаше дека Јунајтед е добар, бидејќи Црвените Ѓаволи имаа ужасна групна фаза.

ПретходноЛШ: Ужасниот Манчестер Ј. се прости од Европа со нов пораз, славје во Копенхаген (ВИДЕО)
СледноРекордна партија на Дончиќ , Јокиќ исклучен (ВИДЕО)