Артета притиска за играчот чија суспензија завршува

306

Ајвон Тони одбројува до крајот на суспензијата и враќањето на теренот, не е невозможно да биде зимска бомба во Премиер-лигата.

Наводно, Микел Артета напорно притиска да го доведе во јануари, но Брентфорд бара дури 70 милиони евра, кои Арсенал не може да ги плати.

Не се исклучува можноста Тони да дојде на позајмица со потенцијален откуп на лето.

Артета смета дека му треба уште еден стрелец, бидејќи Габриел Жесус го мачат повредите, а тој не е доволно ефикасен, иако носи многу добри работи во играта на Арсенал. На Артета му недостига напаѓачки профил на Тони.

Досега, играјќи за Брентфорд, во две сезони во Премиер-лигата постигна 32 гола на 66 натпревари, а има и девет асистенции.

Тони има 27 години и се чини дека моментот е вистинскиот за следниот чекор во неговата кариера.

ПретходноГрин му „залепи шамар“ на Нуркиќ (ВИДЕО)
СледноКејн: Знаевме како можеме да го победиме Јунајтед