Дали Јокиќ ќе игра за Србија на ОИ? “Далеку е тоа, ќе видиме, некои кажуваат нешто што не сум го рекол“!

121

Пред два месеци имаше еуфорија во Србија дека Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во НБА, кажал дека ќе игра за својата репрезентација на претстојните ОИ во Париз. Ова јавно го кажа селекторот Светислав Пешиќ.

Но, не ќе е баш така, барем според зборовите на самиот Јокиќ кој на прашање на новинарите дали ќе игра во ОИ или не за Србија, тој одговори:

Далеку е тоа, ќе видиме. Некои луѓе кажуваат нешто што јас не сум го рекол, ми ги ставаат зборовите во уста. Кога ќе донесам одлука прво ќе дознае селекторот. Нека заврши сезоната, ќе разговарам со семејството, ќе видам, во каква состојба сум па потоа ќе знам“ рече покрај другото Јокиќ.

Се разбира дека овие негови зборови се шок за цела Србија.

ПретходноЧави: На половина пат сме да ја направиме Барселона одличен тим
СледноИнцидент во Белград: Тепачка меѓу фановите на Ц. Звезда и Манчестер Сити! (ВИДЕО)