ЕКА и Работнички организираа состанок со клубовите од ПМФЛ! (ФОТО)

1123

На иницијатива и заедничка отрганизација на Европската Клупска Асоцијација (ЕКА) и ФК Работнички, за првпат се одржа состанок со клубовите од Прва МФЛ и претставници на ФФМ. На состанокот одржан во Скопје на кој гости беа претставници од Управниот одбор и администрацијата на ЕКА, на претставниците на македонските клубови им беа презентирани сите информации околу начинот и функционирањето на оваа асоцијација во која членуваат повеќе од 500 клубови во Европа.

Покрај запознавањето со работата на ЕКА одблизу им беа споделени информации на клубовите околу идниот формат на УЕФА клупските натпрварувања, бонусите кои УЕФА ги одреди за учество во овие натпреварувања, како и за се она што во иднина не очекува во европскиот фудвал, за кој ЕКА заедно со УЕФА имаат круцијано значење во креирањето на развојот на европскиот фудбал.

Покрај ФК Работнички, кој долги години, преку генералниот секретар Ненад Монев максимално е ангажиран и инволвиран во работата на оваа организација, членки се и сите клубови кои изминативе години го претставуваа македонскиот фудбал во УЕФА натпреварувањата (Вардар, Шкендија, Шкупи, Струга, Силекс, Македонија ЃП, АП Брера). Покана за зачленување во оваа организација добија и останатите клубови од Прва МФЛ (Брегалница,Воска, Гостивар, Тиквеш).

Покрај машкиот фудбал, ЕКА дава големо внимание и на женскиот фудбал, каде од нашата земја член е ЖФК Каменица Саса.

ПретходноАлекс е повреден: Хајдук ќе мора без Македонецот на мега – дербито со Динамо!
СледноПознати се финалистите за наградата “The Best“ кај тренерите! (ФОТО)