Откако не ја доби селекторската фотеља на Франција, откако ги откачи Марсеј и ПСЖ, се чини дека сега е време легендарниот Зинедин Зидан да му се врати на фудбалот и тоа како стратег на Јувентус.
Имено тој одлучил или избрал два клуба каде во јуни би можел да биде тренер. Првата опција е Јувентус, каде некогаш беше фудбалер. Ова е можно зошто Макс Алегри по завршувањето на оваа сезона нема веќе да го предводи Јуве.
Втората опција за Зизу е Реал Мадрид каде би можел по третпат да седне на клупата на “кралевите“. Сепак Карло Анчелоти по се изгледа дека останува во Реал и оваа опција е тешко остварлива.
Инаку во последните неколку месеци во неколки наврати се споменуваше името на Зинедин Зидан како менаџер на Манчестер Јунајтед, но ако се знае во каков хаос е клубот од “Олд Трафорд“ тоа секако, барем не во блиска иднина, нема да се оствари.