ЛШ: Остануваат уште две “визи“ за 1/8 финалето, жестоко ќе биде во “групата на смртта“!

286

Вечерва со мечевите од последното коло во групите Е, Ф, Г и Х, завршува групната фаза во ЛШ. Остануваат само уште две непознати, уште две “визи“ за 1/8 финалето.

Секако дека сите погледи ќе бидат свртени кон “групата на смртта“ каде дури три екипи имаат шанси. Дортмунд е веќе во следната фаза и го чека ПСЖ, додека Њукасл игра дома со Милан. ПСЖ ако сака понатму мора да победи на “Сигнал Идуна Парк“, зависи само од себе. Њукасл мора да го победи Милан и да чека ПСЖ да не триумфира кај Дортмунд, додека Милан ако сака пласман во следната фаза во ЛШ мора на гости да слави кај Њукасл и Дортмунд да го победи ПСЖ.

Во групата Х, Порто и Шахтјар во меѓусебен меч ќе решаваат кој, покрај Барселона, ќе оди понатаму.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА

ГРУПА – Е (21:00 Ч)

Селтик – Феенорд

Атлетико Мадрид – Лацио

ТАБЕЛА

1.Атлетико Мадрид 11+

2.Лацио 10 +

3.Феенорд 6

4.Селтик 1

ГРУПА – Ф (21:00 Ч)

Њукасл – Милан

Дортмунд – ПСЖ

ТАБЕЛА

1.Дортмунд 10 +

2.ПСЖ 7

3.Њукасл 5

4.Милан 5

ГРУПА – Г (18:45 Ч)

Ц.Звезда – Манчестер Сити

Лајпциг – Јанг Бојс

ТАБЕЛА

1.Манчестер Сити 15 +

2.Лајпциг 9 +

3.Јанг Бојс 4

4.Ц.Звезда 1

ГРУПА – Х (21:00 Ч)

Антверпен – Барселона

Порто – Шахтјар

ТАБЕЛА

1.Барселона 12 +

2.Порто 9

3.Шахтјар 9

4.Антверпен 0

*Со плусеви се означени екипите кои веќе обезбедиле пласман во 1/8 финалето во ЛШ

ПретходноСкандалозно: Тепачка меѓу судии на кошаркарски натпревар! (ВИДЕО)
СледноПретепаниот турски судија пуштен од болница, првенството продолжува на 19 декември!