Уште едно катастрофално издание на Манчестер Јунајтед и очајно издание на напаѓачот Антони, кој никако да заигра како што се очекува од него. А Јунајтед за него плати дури 100 милиони евра.
Па така по вчерашниот меч со Баерн Минхен, Бразилецот стана “хит“ на социјалните мрежи.
Со него се потсмеваат и фановите на Јунајтед.
Посебно Бразилецот го критикуваат за тоа како се однесуваше во една негова акција а против себе го имаше Дејвис, кога со маалски финти сакаше да го надмудри одличниот бек на “баварците“.
Во коментарите покрај видеото дел од фановите со право се прашуваат:
„Зарем овој е Бразилец?“, “Зарем овој вреди 100 милиони евра?“.
How do i explain to my kids that Antony is a Brazilian
pic.twitter.com/TSGOoJuI74— Esdee (@TheGvardiolrule) December 13, 2023