Претепаниот турски судија пуштен од болница, првенството продолжува на 19 декември!

188

По скандалот во турскиот фудбал кој веќе два-три дена е тема бр.1 во светот на фудбалот, во кој на мечот Анкарагучу – Ризеспор, претепан беше судијата Халил Умут Мелер и тоа од страна на претседателот на домашниот тим Фарук Коча, денеска убави вести.

Имено здравствената состојба на претепаниот судија е добра и тој е пуштен од болница на домашно лекување. Се вели дека освен отокот во пределот на окото се е во ред.

Да кажеме дека вчера Коча беше уапсен а тој притоа истакна дека сакал прво да го плукне судијата, инаку претседателот на Анкарагучи вчера јавно се извини за овој невиден инцицент.

Инаку по овој инцидент првенството во Турција беше прекинато, но денеска е одлучено истото да продолжи на 19 декември.

ПретходноЛШ: Остануваат уште две “визи“ за 1/8 финалето, жестоко ќе биде во “групата на смртта“!
СледноПо пласманот во 1/8 финалето во ЛШ: Бесплатно пиво за фановите на Копенхаген! (ФОТО)