Рекордна партија на Дончиќ , Јокиќ исклучен (ВИДЕО)

1173

Лука Дончиќ одигра одличен натпревар, а неговиот Далас го победи ЛА Лејкерс со 127-125 во еден од петте меча што се одиграа синоќа. Словенецот постигна 33 поени и 17 асистенции, а Маверикс ја запишаа 15 победа.

Дончиќ остана пократок за една асистенција за да го урне овосезонскиот рекорд по бројот на доделени топки.

Статистичарите велат дека тој одигра повеќе мечеви од Јокиќ, Џордан, Томас и Кид заедно, на кои постигнал барем 30 поени, имал минимално пет скока и поделил барем 15 асистенции. Во последните 15 години во НБА-лигата не се памети ваква партија.

Кај Лејкерси прво име беше Ентони Дејвис со 37 поени и 11 скока, Леброн имаше 33 поени.

Никола Јокиќ беше исклучен во втората четвртина од натпреварот во кој неговиот Денвер Нагетс го победи Чикаго Булс на гости со 114:106. Двократниот МВП мораше предвреме да го заврши натпреварот поради жалби против судијата.

Како и неговиот тренер Мајкл Мелоун, Јокиќ остана во шок по исклучувачката. Подоцна српскиот центар беше запрашан за коментар за неговиот претходен крај на мечот, на што тој одговори:

„Се случи тоа што се случи. Претерав, но зборот што го кажав понекогаш поминува без техничка грешка. Некои луѓе го толерираат тоа. Сакам моите пари, па нема да зборувам повеќе за тоа“.

 

Резултати: Бостон – Кливленд 120-113, Далас – ЛА Лејкерс 127-125, Чикаго – Денвер 106-114, Феникс – Голден Стејт 119-116, ЛА Клиперс – Сакраменто 119-99.

ПретходноТен Хаг: Не игравме лошо
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА ја реализираше традиционалната крводарителна акција, годинава по трет пат