СП 2023: Данска ја совлада Црна Гора и обезбеди полуфинале

244

Репрезентацијата на Данска им се придружи на Норвешка, Франција и Шведска во полуфиналето на Светското ракометно првенство за жени. Вечерва, на домашен терен Данките славеа со 26-24 против Црна Гора во последниот четвртфинален меч.
Црногорките покажаа заби, одиграа храбро против фаворитот, но немаше сили да направи сензаија. Кај Данките најдобри беа Хансен и Фрилс со по пет гола, а кај Црна Гора се истакнаа Булатовиќ, Грбиќ и Мугоша со по четири гола.
Во полуфиналето Данска ќе игра со Норвешка, а во другото полуфинале ќе се соочат Шведска и Франција.

ПретходноРоналдо инвестирал 40 мил.долари во белоруски проект за нова фудбалска видео игра
СледноСнајдер: Жени не треба да бидат тренери на машки тимови