СП 2023: Шведска преку Германија обезбеди полуфинале

73

По Норвешка и Франција, третиот учесник во полуфиналето на Светското ракометно првенство е репрезентацијата на Шведска која денеска ја совлада Германија со 27-20. Шведска на стартот прикажа цврста и сигурна игра, имаше водство од 7-0 и натаму одигра рутински.
Германките првиот гол го постигнаа дури во 15-тата минута преку Белк. Швеѓанките беа помоќни и заслужено патуваат во следната рунда.
Во полуфиналето Шведска ќе игра со Франција, а Норвешка ќе се соочи со подобриот од Данска-Црна Гора.

FOTO> IHF

ПретходноМанчестер Јунајтед меѓу негативните рекордери во ЛШ
СледноВардар 1961 го потврди првото место!