Денеска од Босфорот шокантно одекна веста дека Димитрис Итудис не е веќе тренер на Фенербахче. Имено по слабите резултати, раководството на турскиот гигант одлучи да му се заблагодари на трофејниот грчки стратег со кого имаше долгорочни планови.
Но така е тоа во големите клубови, па и во кошарката. Кога се нема адекватни и очекувани резултати тогаш страда тренерот.
И веднаш се појавија шпекулациите дека на негово место Фенер ќе го преземе Андреа Тринкиери, некогашен стратег на Партизан.