Барселона веќе се квалификуваше за осминафиналето на Лигата на шампионите, но откако загуби со 2-4 на домашен терен во шпанската прва лига од Џирона во неделата, главниот тренер Чави Ернандез верува дека на неговите играчи им треба постојаност. Тој објасни што мислел кога рекол дека неговиот тим сè уште гради.
„Тимот сега се гради, бидејќи во последните две сезони бевме принудени да играме во Лига Европа, тоа е она за што зборувам. Но и во оваа конструкција, она што треба да направите е да победите, како што победивме во Суперкупот и првенството. Инаку не би бил тука. Тимот треба да биде многу поконстантен. Кога велам дека тимот е во изградба, не мислам дека ни треба време, туку како играме. Мислам дека ние сме на половина пат да ја направиме Барса одличен тим“, рече шпанскиот стручњак на прес-конференцијата во пресрет на денешниот натпревар од Лигата на шампионите против Антверпен.
Чави сепак на денешната средба ќе им даде шанса на оние играчи кои добиваат помала минутажа.
„Можам да видам дека момците се лути затоа што бевме подобри од Џирона и ја заслуживме победата, но не ја добивме. Бидејќи веќе се квалификувавме, можам да им дадам шанса на некои помлади момци кои играа помалку. Би било логично да се ротираат и одморат некои од стартерите“, додаде Чави.