Сержињо со дрес за Шкупи

521

Бразилскиот фудбалер Сержињо, кој во еден период од кариерата играше за Шкупи, направи трансфер во Васко де Гама. А тој не го заборави чаирскиот клуб од каде што направи трансфер во бразилскиот великан. Му подари дрес на Васко де Гама со негово име.

„Во име на навивачите и нашиот клуб, би сакале да изразиме голема благодарност до Сержињо за неговиот чин на великодушност. Дресот што го испрати во знак на почит кон нашиот клуб ќе остане убав спомен од неговите прекрасни моменти со нас. Ти благодариме Сержињо за придонесот и посветеноста на фудбалот во нашиот клуб. Ти посакуваме успех со Васко де Гама!“, напишаа од Шкупи.

ПретходноЃоковиќ со демант за клубот: Лажни вести!
СледноСари: Ја сакам Барселона во осминафиналето