Ц. Звезда и Партизан запишаа нови победи во Евролигата

148

Белградските кошаркарски ривали Црвена звезда и Партизан остварија нови победи во Евролигата на задоволство на своите верни навивачи. „Црвено-белите“ вечерва на домашен терен ја совладаа Алба од Берлин со 85:71 во меч во кој имаа доминација полни 40 минути.

Црвена звезда имаше и +20 во последниот период, но забави во темото и му дозволи на противникот да намали. Немања Недовиќ со 20 поени беше најефикасен кај домашните, каде Рокас Гедраитис постигна 19.

Партизан на гости оваа сезона во Евролигата ја оствари и втората победа, вкупно осма сезонава. Во Каунас „црно-белите“ славеа со резултат 85:93.

Иако настапија без Камински, Аврамовиќ и Трифуновиќ, а не влезе во игра ниту Јарамаз, Партизан немаше поголеми проблеми на крајот да ги освои бодовите. Шутот беше на многу високо ниво и уште на стартот покажаа дека одат на трумф.

Со 22 поени Кевин Пантер беше најефикасен кај Партизан, додека кај домашните Еванс постигна 33 поени.

ПретходноЛЕ: Баер (Л) максимален, Ливерпул си дозволи „кикс“ во Белгија
СледноСтрумица самоуверено го совлада шампионот и го потврди првото место