Алегри: Интер е фаворит за Скудетото

87

 

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри зборуваше за претстојниот меч со Џенова во рамките на Серија А.

Утре ќе треба да внимаваме против тим кој е агресивен и игра добар фудбал. Џилардино одлично си ја врши работата. Би било убаво да победиме со 3:0 и да не се мачиме, но ќе бидам задоволен и со 1:0. Најважно е да однесеме дома три бода“, изјави Алегри.

За шансите на Јуве за титулата:

Летоска беше тешко да ја прогнозираме сегашната ни состојба на табелата. Сега си ги знаеме можностите и работиме силно како тим. Првентството е долго, треба да останеме балансирани ако сакаме да се задржиме во топ 4. Во моментов Интер е фаворит, изграден да го освои Скудетото. Ние имаме свој пат и играчите добро се снаоѓаат. Со еден натпревар не се добива или губи првенството“, додаде тој.

ПретходноПретседателот на Салернитана: Многу играчи сакаат да си одат, сите ќе ги продадам
СледноМеси, Халанд и Мбапе по наградата „The Best“ на ФИФА